Home / Bricks Challenge

Bricks Challenge

За ученици во основно училиште: 6 +

Просечно времетраење на часот: 60-75 минути

Кликнете овде за пријавување

Заснован на употреба на приказни и едноставни демонстрации кои ја поттикнуваат имагинацијата и критичкото размислување, Bricks Challenge е најпопуларната програма за збогатување на знаењето на Young Engineers. Со користење на LEGO® коцки заедно со други алатки и механички делови, нашите специјално обучени едукатори ги инспирираат младите учесници додека истовремено им предаваат за теоретски и применети принципи на науката, технологијата, машинското инженерство и математиката (STEM). Исто така, нашите ученици ги развиваат своите способности за независно учење и ги подобруваат способностите за конструкција на модели.

Со програмата за збогатување на знаењето Bricks Challenge учениците од основно училиште се запознаваат со основните закони на физиката и потребните математички равенки соодветни за таквите научни пресметки.

Young Engineers има специјално дизајниранa демонстрација за на час што е директно проследена со практична примена преку конструкција на модели од LEGO® делови. Учениците кои ја посетуваат програмата Bricks Challenge ги добиваат нашите комплети на LEGO® коцки ексклузивно направени од Young Engineers за нашите програми. Секој час има за цел да ги поттикне учениците да создаваат, градат и учат преку забавното и возбудливо искуство на предизвикот со LEGO® коцки.

Преглед на наставната програма Bricks Challenge:

Младите инженери кои ќе ја посетуваат програмата Bricks Challenge можат да очекуваат дека по завршувањето на програмата ќе имаат совладано многу важни теоретски и практични лекции. Bricks Challenge ќе ги запознае учениците со научници и пронаоѓачи како што се Леонардо да Винчи, сер Исак Њутн, Архимед и многу други. Секоја од овие важни личности има одиграно значајна улога во развојот на науката и технологијата до денес и ние ги користиме нивните приказни за да ги инспирираме и едуцираме нашите млади инженери.

Учесниците во Bricks Challenge ќе се стекнат со познавања на физичките закони, како што се центрифугална сила, центрипеталната сила, силата на инерција, кинетичка енергија, потенцијална енергија, законот на акција-реакција, сила на потисок, момент на сила, потпорни точки, распределба на товар, конзервација на сила, аголен момент и други. Покрај тоа, учениците ќе се стекнат со основните математички способности кои одат заедно со правењето на научните пресметки кои ќе им требаат за да можат да ги изградат моделите.

Цели на програмата Bricks Challenge:

  • Зајакнување на способностите за планирање и управување со времето
  • Поттикнување на независно креативно размислување
  • Развој на способностите за анализирање на инженерскиот процес
  • Проширување на знаењето за физичките закони и различни природни појави
  • Подобрување на просторното препознавање
  • Негување на чувството за самоефикасност
  • Проширување на интерперсоналните комуникациски способности.

Теми за изградба на модели во програмата Bricks Challenge:

  • Возење во забавен парк
  • Воздухопловство
  • Различни типови на транспортни средства
  • Кранови
  • Лифтови
  • Современи машини