Home / new / УПИСИ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО YOUNG ENGINEERS SKOPJE MACEDONIA

УПИСИ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО YOUNG ENGINEERS SKOPJE MACEDONIA

ОВОЗМОЖЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ ДЕЦА ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД НАШЕТО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО КОЕ ГО СОЧИНУВААТ НАД 20.000 ЗАДОВОЛНИ ДЕЦА КОИ ГИ ИЗУЧУВААТ ПРОГРАМИТЕ ВО НАД 43 ЗЕМЈИ ОД ЦЕЛ СВЕТ. 

ЕДИНСТВЕНА ЛИЦЕНЦА ЗА STEM ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА! 

НУДИМЕ УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕ КОЕ ТРАЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СО ФОКУС КОН НАУКА, ТЕХНОЛОГИЈА, ИНЖЕНЕРСТВО И МАТЕМАТИКА, СПОРЕД ЛИЦЕНЦИРАНИ ПРОГРАМИ НА СВЕТСКАТА КОМПАНИЈА e² YOUNG ENGINEERS

Young Engineers Skopje Macedonia претставува единствена лиценцирана програма во Македонија која започнува со работа од 2017 година, по франшиза на светската компанија e² Young Engineers наменета за деца од 6 до 15 години и нуди можност за интердисциплинарен пристап во изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки, истовремено овозможувајќи им стекнување со способности и вештини неопходни за животот на 21 век, според единствени, лиценцирани, успешни, квалитетни, наградувани, ексклузивни и статистички проверени програми.

ЕДУКАТИВЕН ПРОГРАМ: BRICKS CHALLENGE
Наменет за деца: 
од 6 години па нагоре
ГАЛЕРИЈА
Почеток на програма: 29.03.2018
Вкупен број на часови: 32
Времетраење на час: 75 минути
Јазик на настава: Англиски јазик

Еден пат во неделата
Бројот на местата е ограничен!

Локација: ул. „Истарска“, бр.33 – Скопје (Зад Олимписки базен),
Термин: 

Четврток
19:00-20:15

ОСНОВНИ ЦЕЛИ:

  • Развој на силни лидерски вештини
  • Зголемена самодоверба и чувство за корисност, самоефикасност и постигнување
  • Развој на вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки, со фокус кон изнаоѓање решенија
  • Поттикнува развој на вештини за планирање и управување со време
  • Развој на моторни способности и просторна ориентација
  • Поттикнува креативно размислување и стимулира имагинација
  • Јакнење на тимски дух и просоцијално однесување како клучен аспект на лидерство во процес на градење комплексни механизми
  • Развој на вештини за критичко размислување и поттикнување на размислувања „надвор од кутијата“
  • Развој на способности за аналитичен пристап кон инженерските процеси
  • Стекнување на теоретско и практично знаење од областите на инженерството, физиката и математиката а преку вклучување во игра преку која децата се стекнуваат со нови способности и вештини
  • Развој на способности и вештини потребни за 21 век, вклучувајќи интеграција во современиот живот, стекнување на информатичка и комуникациска писменост и способности за размислување од повисок ред

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА:

Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели.
Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на  Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL)
Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор.
Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL) – Едукаторот го предизвикува детето давајќи му задача да го надгради моделот за да го реши проблемот прикажан во лекцијата.
Учење засновано на производ (Product based learning) – Децата успешно креираат одреден производ кој го демонстрира научниот принцип од лекцијата.
Учење преку проект (Project based learning) – Преку планирање и спроведување одреден проект од почеток до крај, децата ја подобруваат тимската работа и способностите за презентација, како и организациските способности.

СВЕТСКА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ НА STEM ПРОГРАМИТЕ НА YOUNG ENGINEERS SKOPJE MACEDONIA?

  • Програмите на e² Young Engineers во 2011 година на Youth Business International (YBI), основан од страна на Неговото кралско височество Принцот Чарлс и претседател на организацијата, ја имаат освоено првата награда.
  • За потребите на интерактивно следење на моделите и компонентите и целосен поглед од 360 степени, се користи специјално дизајнирана сопствена апликација.
  • Од 2013 година iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“ го пласира единствениот и ексклузивен модел за образование низ игра и забава на e² Young Engineers кон националните министерства за образование насекаде низ светот.
  • По обемните тестирања од страна на Центарот за кооперативно унапредување, статистички е докажано дека 88% од учениците кои учествуваат во изучување на програмите, се стекнуваат со подобро знаење, зголемена концентрација и креативност и добиваат повисоки оценки по предметите од областа на науката.
  • e² Young Engineers е меѓу неколкуте избрани компании во светот кои инвестираат во истражување и развој на образованието и нудат теоретско и практично знаење од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката со помош на LEGO® коцки.
  • Во Америка, Австралија, Сингапур и Швајцарија, програмите на e² Young Engineers веќе се користат во формалното образование како докажани наставни содржини преку кои значително се подобруваат постигнувањата на децата.
  • Часовите ги водат сертифицирани едукатори кои поминале специјална обука од тимот за едукација на e² Young Engineers и кои во рамките на стручната инженерска заедница и општеството во целина, се ценети професионалци, со висок степен на кредибилност и признанија.

КОНТАКТ:

info@youngengineers.mk
077 399 999
facebook.com/youngengineers.skopje
www.skopje.youngengineers.mk

Цена на чинење на програмата за 4 часа во еден месец за Македонски и Албански јазик, изнесува:

  • За едно дете – 2000 МКД
  • За две или повеќе деца од исто семејство, цената по дете е 1800 МКД

Цена на чинење на програмата за 4 часа во еден месец за Англиски јазик, изнесува:

  • За едно дете – 2500 МКД
  • За две или повеќе деца од исто семејство, цената по дете е 2100 МКД

Жиро сметка: 250-0010030695-45
Банка на налогодавач: Sparkasse Банка Македонија АД Скопје
Цел на дознака: Име и презиме на дете, возраст, едукативна програма, месец

*Бројот на местата е ограничен!

Предност имаат лицата со пополнет формулар за регистрација и извршена месечна уплата а критериум за формирање на група е минимум 4 ученици.