Home / e² Вести / Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки (6.5.2017)

Работилница на e² Young engineers за STEM (науката, технологијата, инженерството и математиката) едукација со LEGO® коцки (6.5.2017)

Почитувани родители, ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме Вас и Вашите деца да присуствувате на нашите бесплатни работилници што e2 Young Engineers ги организираат во Скопје.

Ние овозможуваме стекнување на познавања на основите на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку употреба на LEGO® коцки.

Вашето дете ќе гради модели од LEGO® коцки и ќе се забавува додека учи бидејќи ние веруваме дека најдобар начин да се едуцираат децата е преку игра. Игрите можат да бидат алатки кои им помагаат на децата да научат за себе и за светот околу нив.

Дојдете и придружете ни се! Се гледаме таму!

Тимот на  Young Engineers in Macedonia