Home / УПИСИ – МАРТ 2019!

УПИСИ – МАРТ 2019!

STEM education provider in Macedonia. We have programs for kids from 6 year old to High school suitable, using Lego bricks.

НУДИМЕ УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕ КОЕ ТРАЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СО ФОКУС КОН НАУКА, ТЕХНОЛОГИЈА, ИНЖЕНЕРСТВО И МАТЕМАТИКА, СПОРЕД НАГРАДУВАНИ И СТАТИСТИЧКИ ПРОВЕРЕНИ ПРОГРАМИ НА КОМПАНИЈАТА e² YOUNG ENGINEERS – СВЕТСКИ БРЕНД ЗА STEM ЕДУКАЦИЈА.

YOUNG ENGINEERS SKOPJE MACEDONIA Е ЕДИНСТВЕНА ФРАНШИЗА ЗА STEM ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, СО СВОЈ СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАН STEM КУРИКУЛУМ И  LEGO® СЕТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ.

НАШЕТО ГОЛЕМО СЕМЕЈСТВО ГО СОЧИНУВААТ ЗАДОВОЛНИ ДЕЦА КОИ ГИ ИЗУЧУВААТ ПРОГРАМИТЕ ВО НАД 43 ЗЕМЈИ ОД ЦЕЛ СВЕТ!

УПИСИ – МАРТ 2019 се во тек!

СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНИ ЕДУКАТИВНИ STEM ПРОГРАМИ

Франшизата на Young Engineers во Македонија, нуди:

  1. Редовна годишна програма – Bricks Challenge во која се изучуваат основните STEM принципи и
  2. Редовна годишна програма – Galileo Technic во која се изучуваат напредните STEM принципи и која ја следат учениците кои го поминале првото ниво.

Програмите се наменети за деца од 6 години па нагоре.

Вкупен број на часови: 32
Времетраење на час: 75 минути

Настава: Еден пат во неделата
Јазици на кои се одвива наставата:

  • Македонски
  • Англиски јазик
  • Албански јазик

ПРИДОБИВКИ:

  • Развој на силни лидерски вештини и стекнување со навики за поставување цели, фокусираност, навика за постојано учење, упорност, емпатија, тимско однесување;
  • Поттикнува иницијатива и развој на претприемнички дух;
  • Зголемена самодоверба и чувство за корисност, самоефикасност и постигнување;
  • Развој на вештини за решавање проблеми при донесување на одлуки, со фокус кон изнаоѓање решенија;
  • Поттикнува развој на вештини за планирање и управување со време;
  • Развој на моторни способности и просторна ориентација;
  • Поттикнува љубопитност, креативно размислување и стимулира имагинација;
  • Јакнење на тимски дух и просоцијално однесување како клучен аспект на лидерство во процес на градење комплексни механизми;
  • Развој на вештини за критичко размислување и поттикнување на размислувања „надвор од кутијата“;
  • Развој на способности за аналитичен пристап кон инженерските процеси;
  • Стекнување на теоретско и практично знаење од областите на инженерството, физиката и математиката а преку вклучување во игра преку која децата се стекнуваат со нови способности и вештини ;
  • Развој на способности и вештини потребни за 21 век, вклучувајќи интеграција во современиот живот, стекнување на информатичка и комуникациска писменост и способности за размислување од повисок ред.
  • Индивидуален пристап на работа со секој ученик поради остварување на реални резултати;

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА:

Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење на модели.
Основната цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери. Веруваме дека најефикасниот начин е доколку направиме учењето да биде забавно и возбудливо a возможно само преку добро испланиран и практичен образовен систем кој вклучува комбинација од учење и забава, преку употреба на  Спирално учење и Учење засновано на решавање проблеми (PBL)
Врз основа на методот на спирално учење, нашите програми им овозможуваат на децата да ги учат основните принципи и термини, истовремено среќавајќи се со нови контексти, се подлабоко и подетално со секој нареден чекор.
Учење засновано на решавање проблем (Problem based learning – PBL) – Едукаторот го предизвикува детето давајќи му задача да го надгради моделот за да го реши проблемот прикажан во лекцијата.
Учење засновано на производ (Product based learning) – Децата успешно креираат одреден производ кој го демонстрира научниот принцип од лекцијата.
Учење преку проект (Project based learning) – Преку планирање и спроведување одреден проект од почеток до крај, децата ја подобруваат тимската работа и способностите за презентација, како и организациските способности.

СВЕТСКА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ НА STEM ПРОГРАМИТЕ НА 

 YOUNG ENGINEERS?

  • Последното признание од 2019 година е од EUROPEAN UNION за совршени едукативни програми со висока оцена за квалитет, програми за STEM едукација со огромно влијание во животот на децата и придонес за развој на иновативно општество.
  • Програмите на e² Young Engineers во 2011 година на Youth Business International (YBI), основан од страна на Неговото кралско височество Принцот Чарлс и претседател на организацијата, ја имаат освоено првата награда.
  • Young Engineers влегоа во Гинисовата книга на рекоди преку изградба на кулата на плоштадот Рабин во Тел Авив од 35,95 метри, која е направена од половина милион шарени пластични коцки.
  • Од 2013 година iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“ го пласира единствениот и ексклузивен модел за образование низ игра и забава на e² Young Engineers кон националните министерства за образование насекаде низ светот.
  • По обемните тестирања од страна на Центарот за кооперативно унапредување на Израел, статистички е докажано дека 88% од учениците кои учествуваат во изучување на програмите, се стекнуваат со подобро знаење, зголемена концентрација и креативност и добиваат повисоки оценки по предметите од областа на науката.
  • e² Young Engineers е меѓу мал број избрани компании во светот кои инвестираат во истражување и развој на образованието и нудат теоретско и практично знаење од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката со помош на LEGO® коцки.
  • Во Америка, Австралија, Сингапур и Швајцарија, програмите на e² Young Engineers веќе се користат во формалното образование како докажани наставни содржини преку кои значително се подобруваат постигнувањата на децата.
  • Часовите ги водат сертифицирани едукатори кои поминале специјална обука од тимот за едукација на e² Young Engineers и кои во рамките на стручната инженерска заедница и општеството во целина, се ценети професионалци, со висок степен на кредибилност и признанија.
  • На светско ниво а преку франшизата на Young Engineers Macedonia, воспоставена е соработка со Legoland Германија.
  • Во Македонија, Young Engineers е единствена франшиза која нуди специјално дизајниран STEM курикулум и LEGO® сетови за спроведување на програмите.
  • Во Македонија, Young Engineers има воспоставено соработка со Факултетот за електротехника и информациски технолигии – ФЕИТ, РобоМак – интернационален натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелегенција, училишта, Институции и организации.

СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ НА e² YOUNG ENGINEERS

Цена за програмите „Bricks Challenge“ и „Galileo Technic“, за 4 часа во еден месец за Македонски, Албански и Англиски јазик, изнесува:

  • За едно дете – 2000 МКД
  • За две или повеќе деца од исто семејство, цената по дете е 1800 МКД

Жиро сметка: 250-0010030695-45
Банка на налогодавач: Sparkasse Банка Македонија АД Скопје
Цел на дознака: Име и презиме на дете, возраст, едукативна програма, месец

*Бројот на местата е ограничен!

Предност имаат лицата со пополнет формулар за регистрација и извршена уплата а критериум за формирање на група е минимум 6 а максимум 16 ученици.

КОНТАКТ:

info@youngengineers.mk
077 399 999
facebook.com/youngengineers.skopje
www.skopje.youngengineers.mk

Локација: Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ

Локација: Ул. „Истарска“, бр.33, Скопје